ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Државата има институции за заштита на правата на помалите заедници, може да се зголеми нивниот капацитет

Државата има институции и механизми за заштита на правата на сите граѓани, вклучувајќи ги и оние коишто се самоопределуваат како Бугари, рече премиерот Ковачевски, во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, дека нашата влада требало да формира некаков вид институција за заштита на правата на Бугарите.

„Ние сме единствената држава во Европа којашто има министерство за помалите етнички заедници. Единствени во Европа имаме законски решенија со коишто се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла. Од користење на јазици, преку еднаков пристап до вработувања во јавниот сектор…имаме и канцеларија на Омбудсманот којашто се грижи за правата на сите граѓани“, рече Ковачевски, додавајќи дека капацитетот на институциите би можел да се зголеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button