ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски ги коментираше владините тензии во Бугарија

Прашањето на владината коалиција во Бугарија е внатрешно политичко прашање на таа земја, вели премиерот Ковачевски за потресите во бугарската Влада. Сепак, тој нагласи дека во соседната земја преговорите со Македонија постојано се употребуваат во внатрешно-политичките пресметки. (Изјава)

„Ние во ниту еден момент прашањето на преговорите со Бугарија и на зачленувањето во ЕУ не го инструментализиравме, не го политизиравме еднострано и не го користиме за внатрешна политичка употреба, за разлика од другата страна која постојано ова прашање го инструментализираше, го користеше за внатрешна политичка употреба….,“ рече премиерот на Макеоднија, Димитар Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button