ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски ги свикува коалициските партнери на средба

Ковачевски ги свикува коалициските партнери на средба

Премиерот Димитар Ковачевски во недела ќе ги собере владините и партиските коалициски партнери. Времето на средбата не е прецизирано, но Алсат од партиски извори дознава дека на средбата ќе се разговара за многу актуелни теми, почнувајќи од енергетската и економската криза до едногласниот заклучок дека избори нема да има до 2024.

Средбата доаѓа еден ден по протестот на македонската опозиција свикан на 18 јуни пред Владата. Според истите извори, Ковачевски ќе побара од секој од коалиционите партнери да го потврди ставот дека на земјава не и се потребни предвремени избори и покрај заканите на коишто предупреди македонската опозиција и нејзината стратегија да ја доведе владата во оставка.

На оваа средба се очекува да се зборува за економските мерки и енергетските тарифи, а ќе се разговара и за интервенцијата на извршната власт за акцизата на нафтата, изборниот модел итн. Сигурни извори за Алат велат дека со оглед на случувањата во Бугарија, неодамнешните чекори на бугарскиот премиер Кирил Петков и на парламентот на соседната земја, коалициските партнери може да бараат Владата да ги радикализира своите ставови кон Бугарија.

Се верува дека коалициските партнери бараат промена на пристапот од Владата во пресрет на 23 јуни, кога и официјално ќе се знае дали бугарското вето е укинато или останува на сила против Северна Македонија, а со тоа и Албанија .Иако се уште официјално не го потврдија, на средбата се очекува да присуствуваат и албанските коалициски партнери ДУИ, Алтернатива и ДПА.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button