ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Има време за изборниот модел

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека промената на изборниот модел може да почека до пресрет на парламентарните избори во 2024. Според него, за почеток треба да се отвори јавна дебата и да се формираат работни групи од кои ќе произлезе најдобриот изборен модел.

„Имам мое мислење за изборниот модел и тоа треба да се направи преку јавна расправа и дебата. Оваа дебата треба да ја организираат работни групи во кои ќе бидат застапени политичките партии, но и министерствата кои се надлежни да интервенираат во изборниот модел, вклучително и експерти, ОБСЕ-ОДИХР кои ќе дадат свои забелешки. Потребен ни е изборен модел кој ќе ги одразува определбите на политичките партии, барањата на граѓаните и модел кој гарантира слободни и демократски избори“, рече Димитар Ковачевски, премиер.

Укинувањето на техничката влада, според Ковачевски, бара целосен политички консензус. Тој го најави условот измените да важат само доколку се одржат избори во 2024 година.

„Поради тоа што Владата на Пржино беше резултат на консензус меѓу четирите политички партии, мора еднаш да се направи нејзино укинување. Тоа не може да се направи по барање на една партија, особено кога некој политички фактор има друго барање како што е Алијансата за Албанците. Затоа треба да се намалат и формираат работни групи кои ќе најдат решенија во Законот за Влада и ќе важат за изборите во 2024 година“, рече Ковачевски.

Партиите од изборната коалиција со СДСМ дадоа ултиматум за измените во Изборниот законик до крајот на април. Ниту една партија не се изјаснила против измените на изборниот модел, но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како два субјекти кои досега беа против изборниот модел со една единица, бараат целосен консензус меѓу сите политички партии. Во меѓувреме, Алијанса за Албанците бара да не се укинува техничката влада, а ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ остануваат на ставот дека такво нешто повеќе не е потребно. На седницата на 10 февруари се ставени измените на Законот за влада, а Изборниот законик ќе се најде на дневен ред дури по постигнување политички консензус меѓу 4-те најголеми партии. /Алсат.мк

Адриан Керими 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button