ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: МВР презема активности за безбедно чествување на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев

Ја уверувам македонската јавност дека Министерството за внатрешни работи ќе направи се согласно сите закони, согласно Устав чествувањето на 4 февруари – роденденот на Гоце Делчев, да биде на достоинствен и мирен начин и ќе биде гарантирана безбедноста на сите граѓани во државата, нагласи премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница одговарајќи на прашање од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Одговарајќи на прашањето дали Владата согласно членот 11 од Законот за странци ја разгледувала препораката за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Република Бугарија, премирот рече дека во државата на странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрана за влез во земјата доколку е лице за кое во системот за контрола на патници е издадено предурпедување за забрана за влез доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународни односи на државата или закана за јавното здравје.

– Согласно извештаите и анализите кои ги имаат безбедносните служби и кои ги има МВР, на денот на одбележувањето и во деновите пред тоа, МВР ќе постапи согласно информациите и податоците кои ги има од свои извори и нормално од службите и согласно со заклучуокот на Владата, МВР да биде задолжено да обезбеди мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, посочи Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button