ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски не им објасни на пратениците врз основа на што направиле доделување на многу високи плати за консултанти во изградбата на Коридорите 8 и 10Д

Изградбата на Коридорите 8 и 10Д, судењето за 27 април, цената на струјата, беа дел од прашањата на опозицијата на седницата за пратеничките прашања кои ја вжештија расправата во Собранието и ги судрија власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување врз основа на која проценка Владата одлучила да им исплати десетици илјади евра на проектните консултанти за изградба на автопатишта кои немаат конкретна област на специјализација. Премиерот Димитар Ковачевски не одговори директно, туку го повтори своето мислење за важноста на проектот.

Атмосферата стана тензична по прашањето на пратеникот Стојановски за 27 април, по одлуката на судот во Стразбур кој утврди прекршок при одредувањето притворот на поранешна вработена во Собранието во тој период.

Одговор даде вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, иако прашањето не беше упатено до него по што следуваше вербален судир со пратеничката Жаклина Пешевска.

Темата за 27 април зазема најголем дел од седницата и цело време предизвикуваше тензии меѓу партиите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button