ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски очекува Собранието да го усвои ребалансот во предвидениот рок

Премиерот Димитар Ковачевски очекува ребалансот на Буџетот да биде доставен до Владата во наредните денови или во следните недела – две. Како што изјави денеска, се прават последните пресметки и документот се финализира.

-Министерството за финансии ги прави последните пресметки и финализирање на документот за ребалансот. Јас верувам дека во наредните денови или недела, две, министерот за финансии ќе го достави Предлог-ребалансот до Владата и откако ќе биде одобрен, тој ќе биде доставен до пратениците на дискусија, на расправа и на одобрување и се надевам дека низ парламентарна дебата како што сме имале во минатото, бидејќи јас бев претставник на Владата во четири наврати во два буџета и во два ребаланса, ќе се усвојат и некои амандмани што ќе бидат предложени како што било и секогаш, меѓутоа дека во рок што е предвиден ќе биде изгласен ребалансот, бидејќи тој ребаланс прво предвидува намалување на трошоци кои не мора да се случат во кризна година, меѓутоа исто така предвидува и зголемување на платите во образованието и исто така исплата на сите обврски коишто државата ги има кон сите општествени страни од земјоделците, преку поддршката на индустријата и сите други обврски коишто државата ги има, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button