ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Ковачевски, Рама и Вучиќ патуваат во Брисел

Димитар Ковачевски, Еди Рама и Александар Вучиќ се предомислија. Тројцата лидери најавија учество на Самитот на ЕУ во Брисел за Западен Балкан. Ковачевски изјави дека ако не се постигне напредок во процесот, тоа ќе биде удар врз кредибилитетот на ЕУ и на Балканот.

„Решивме уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Одлучивме дека треба пред пријателските земји кои се посветени на економскиот и политичкиот напредок на регионот и кои се посветени на брзите и клучни евроинтегративни процеси, да ги повториме нашите напори за европскиот пат на Западен Балкан“, наведе Ковачевски.

Премиерот Еди Рама, кој вчера изјави дека не е заинтересиран да слушне уште едно извинување, денеска рече дека има информации дека нешто се движи во Бугарија, но останува песимист. Рама упати директни обвинувања против Бугарија, која според него киднапирала две земји-членки на НАТО.

„Штотуку слушнав дека денес нешто се движи во Бугарија. Прерано за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор каде Бугарија е критикувана како земја која киднапирала две земји на НАТО, додека на границата на Европа се води жешка војна! Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да слушнеме за идејата за Нова европска политичка заедница што ја поддржуваме, за Отворен Балкан кој го унапредува духот на Европа и за нашето киднапирање од Бугарија што го уништува тоа”, рече Рама.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека тој и двајцата премиери се договориле заеднички да ги презентираат своите позиции пред претставниците на земјите членки на ЕУ. Вучиќ нагласува дека и покрај бројните пречки, евроинтеграциските определби остануваат непоколебливи.

„Со оглед на тоа што Србија, Албанија и Северна Македонија бескрајно го изразуваа интересот на своите граѓани и на целиот регион на Западен Балкан, одлуката за учество на самитот во Брисел претставува определба за битката за напредок на нашите земји, но и порака дека и покрај многуте пречки, решивме да дадеме конструктивен придонес на патот кон евроинтеграциите“, рече Вучиќ.

Пред неколку дена, тројцата лидери беа воздржани за учеството во Брисел токму поради бугарското вето за Северна Македонија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button