СПОРТФУДБАЛ

Ковачиќ задоцни на тренинг, реагира Тухел

Хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ задоцни на еден од последните тренинзи на Челзи и телевизиските камери на лондонскиот клуб, снимија разговор помеѓу Ковачиќ и тренерот Томас Тухел. Ковачиќ доцнеше 19 минути на утринскиот тренинг.

„Тренингот е во 11:00 часот, а тој носи фудбалски копачки во 11:19 часот. Ова е недозволиво“, му порача тренерот на Челзи на хрватскиот репрезентативец пред камерата покажувајќи кон часовникот.

Некои навивачи на Челзи мислат дека Тухел сакал да се пошегува со Ковачиќ со оваа реакција, но останатите не гледаат ништо смешно во неговиот гест.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button