ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковид-19, починаа тројца пациенти во штипската модуларна болница

Тројца пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница. Според болничкиот извештај починатите пациенти се од Виница на возраст од 47 години и двајца од Штип на возраст од 58 и 67 години.

Иако е зголемен бројот на прегледи во дневната амбуланта, каде што за 24 часа се прегледани 72 пациенти, сепак притисокот за болничко сместување се намалува во споредба со минатите денови.

Во модуларната болница се лекуваат 35 пациенти, од кои само четворица не се на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат шест пациенти, кои се стабилизирани и со полесна клиничка слика. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button