ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковид-19 преку објективот на репортерката Арбнора Мемети

Преку објективот на нејзиниот фото апарат репортерката Арбнора Мемети речиси од почетокот на пандемијата со ковид-19 ги пренесува до јавноста сликите од домовите на пациентите, но и од одделенијата за инфективни болести. Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат,  таа споделува и дел од доживеаните искуства и состојби затекнати на теренот, но и од часовите поминати со лекарите од брзата помош.

„Ова е вторпат што одам да известувам со брзата помош. Првиот пат беше кога имаше голем флукс, од носењето на пациенти од дома до клиника. Сега има помалку носења бидејќи креветите се полни, но имаше повеќе повици за консултација, за други случаи. Но, нема голема разлика од првиот пат, дури овој пат имавме смртни случаи кои се случиле дома, кои биле позитивни со ковид. Првиот пат бев на половина смена, а овој пат бев од 20 часот до наутро со нив. Ноќна смена, и видов како тие ја минуваат смената, односно целта ми беше да сликам, известувам како ја минуваат една ноќна смена од 12 саати“, вели Мемети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button