ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковид 19, Скопскиот парк беше претесен за да ги собере граѓани кои дојдоа да уживаат во сончевото време

Скопскиот парк беше претесен за да ги собере граѓани кои дојдоа да уживаат во сончевото време. Некои од нив ги почитуваа мерките за заштита од Ковид 19, додека други, пак, решија да се одморат од маските. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека луѓето се желни за слободни прошетки. И покрај тоа, апелираат на почитување на заштитните мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита. Тој додаде дека врз основа на процентот на зголемување на случаите, ќе се испита дали ќе има нови ограничувачки мерки. Исто така, Филипче од Гостивар им порача на матичните лекари да ги пријавуваат за вакцинација граѓаните со хронични заболувања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така е позитивен на Ковид 19. Тој на социјалните мрежи напиша дека има лесни симптоми, додавајќи дека  и покрај почитувањето на мерките за заштита, се заразил со Ковид 19.

Мелихате Рустеми Оп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button