ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ковид-центрите почнаа повторно да се полнат, има и деца

Ширењето на делта варијантата доведе до зголемување и на бројот на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Минатата недела на дневна основа се регистрирале по околу 600 нови случаи. Споредено со октомври, процентот на заразени е зголемен на 12,5% во однос на тестовите на дневна основа. Постарите со хронични заболувања потешко се опоравуваат, но сега и за многу деца се бара болнички третман. Од институтот Козле во Скопје, каде едно одделение е ковид-центар за деца, велат дека е зголемен бројот на хоспитализации.

„Во Институтот за белодробни заболувања е хоспитализирано 21 дете со Ковид-19. Сите деца се генерално во добра состојба. Тие се на возраст од два месеци до 16 години, а 80% се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка“, наведуваат од Институт Козле.

Додека расте бројот на нови случаи, а со тоа имаме и нов бран на пандемијата, есента не ги исполни очекувањата на здравствените власти за вакцинација. Оваа состојба е крајно загрижувачка и за имунолозите. Велат дека треба брзо да се преземат нови мерки за да се поттикне населението да се вакцинира за да се постигне колективниот имунитет.

На национално ниво, 57% од населението примило најмалку една доза додека 46% од лицата над 18 години се имунизирани со две. Ако се додадат и децата, 37% од вкупното население имаат целосна имунизација.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button