ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Крадец ќе задавел медицинска сестра во Куманово

Крадец ќе задавел медицинска сестра во Куманово

До вчера работеше на лекување на пациенти на Инфективното одделение на кумановската болница, но од полноќ самата стана пациент. Морала да биде оперирана од раните добиени на работното место. Медицинската сестра Џејлане Даипи била жртва на напад на крадец кој влегол да краде пари од клиниката.

„Видов дека се работи за човек со црна капа, а не знам повеќе бидејќи ме покри со чаршаф и ме удри по глава. Кога паднав на земја, видов дека има патики. Почнав да врескам, ми ја стави раката на уста, имам болки. Почувствував дека многу ме повреди по градите со нешто. Потоа се онесвестив, друго не се сеќавам. Утринава видов дека сум во хируршкото одделение“, рече Џејлане Даипи, медицинска сестра.

Медицинскиот извештај покажува дека медицинската сестра била удрена со ножици во градите, но нејзиниот живот не е во опасност.

Според медицинската сестра, натрапникот влегол од задниот дел на ходникот кај касата каде што стојат медицинските сестри кои собираат здравствени услуги. Како што можете да видите, овој простор има малку светлина и нема безбедносни камери. Тука се случил настанот, а медицинската сестра едвај се спасила.

Од претрпените трауми таа сега има потреба од рехабилитација, но тука е маката на нејзините колеги кои работат во услови без соодветно осигурување. Вели дека лекарите и медицинскиот персонал во Куманово се жртви на напади.

„Лично сум нападната, но не сум единствена во нашиот оддел, има многу други сестри. Биле нападнати и ништо, продолжуваме. Пријавено е дека имаме проблем“, додаде Џејлане Даипи, медицинска сестра.

Од кумановската полиција соопштија дека го привеле осомничениот Ф.Ј. 38-годишен кумановец. Тој е притвор и против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешка кражба.

Според СВР Куманово, осомничениот за кражбата во болницата се од одделението на центарот за зависност од наркотици, каде едно лице е задржано 24 часа, но се смета дека имал соучесник при извршувањето на злосторството.

Од раководството на кумановската болница не сакаа да зборуваат пред камери, а и главната медицинска сестра и одговорната на инфективното одделение дури и ја попречуваа работата на нашиот тим да добие информации за случајот./ Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button