ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Крадци деновиве прават „партал“ со крадење една германска марка возила

Кражбата на возила од типот „голф 5“ во општина Чаир станува секојдневие. Само во последните два дена се пријавени уште два нови случаи. Алсат разговараше со еден од сопствениците кој остана без своето возило пред четири дена. Шахадие Османи случајот го пријавила во полиција, но не добила никаков одговор.

„Имаше еден случај од населбата Бутел чиј автомобил беше украден пред две недели, следниот ден има други настани, еден автомобил беше запален, други два беа украдени. Ни се јавија да не имаме некакви информации, но немаше ништо. Веруваме во надлежните органи, но сега колку ќе работат и ќе се справат со овој случај, не знам. Веќе гледаме дека има паника кај сите граѓани, овде на паркингот се обидуваат да ги блокираат автомобилите од таа марка, паника е, се шири паника.“

Од МВР потврдија дека изминативе две дена исчезнале уште два голфа во Чаир, а на пошироката територија на Скопје имало и други кражби на возила.

МВР

„Во периодот од 1 до 11 ноември во скопскиот регион пријавени се 13 украдени возила. Во истиот период, беа пронајдени 10 возила кои беа пријавени како украдени. На 19 ноември во Чаир беа пријавени две возила, имено патничко возило голф со скопски регистарски ознаки и товарен автомобил опел со норвешки регистарски ознаки.“

Покрај кражбите, пред два дена во населбата Топанско поле во Чаир беше запален и автомобил „голф 5“.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button