ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Крајот на работите на новиот Бит Пазар се најавува за два месеци

И понатаму се поместуваат роковите за завршување на градежните работи на Бит Пазар. Минатата година крајот беше најавуван неколку пати, но крајот сè уште не се гледа. Акционерското друштво „Скопски пазар“ се правда дека се доцни поради промената на управителите на компанијата.

Во врска со реновирањето на Бит пазар, Ве известуваме дека по промената на раководството наидовме на многу проблеми со проектот за реконструкција кои бевме должни да ги решиме истовремено со работата на терен. Во најкус можен рок се обидовме да ги надминеме и да го истераме проектот во последната фаза. За кратко време се планира да се заврши паркинг просторот кој се наоѓа во структурата на покривот на пазарот. Делот од женскиот пазар на кој интензивно се работи се планира да се пушти во употреба за околу два месеци – велат од АД „Скопски Пазар“.

Од Стопанската комора велат дека од новите раководители на пазарот, добиле гаранција дека за два месеци, не само женскиот, туку целиот пазар ќе биде пуштен во употреба.
Градоначалникот на Чаир е убеден дека ќе се почитуваат новите рокови за завршување на Бит Пазар.

Ова пролонгирање го направија старите сопственици. Со купувањето на акциите од страна на новите сопственици, динамиката на работа започна со многу побрз интензитет. Мислам дека до крајот на мај, на почетокот на јуни, новиот пазар ќе биде завршен – изјави Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

Бит Базар започна да се реконструира и доградува пред три години. Работите требаше да завршат за 18 месеци, но сè уште траат. Во моментов се работи на таканаречениот „Женски пазар“, кој се смета за последна фаза на изградбата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button