СПОРТ

Kралот Филип Шести, го одликува Рафаел Надал со титулата “Маркиз”

Co последната одлука на кралот Филип Шести, Рафаел Надал e oдликуван со титулата “Mаркиз”, како признание за големиот придонес за нацијата со своите неверојатни спортски резултати.

Advertisements

Надал лани ја заврши својата неверојатна тениска кариера, но во татковината не ги заборавија сите моменти на радост што тој ги донесе на нацијата, освојувајќи 22 титули на гранслем турнирите од кои неверојатни 14 само на Ролан Гарос.

Така, Рафа до крајот на животот ќе ја има титулата Маркиз на Левант де Мајорка, островото каде што е роден и каде што живее по завршувањето на кариерата.

Покрај Надал, титули “Mаркиз” им беа врачени и на поп-рок ѕвездата Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.

„Тие се гордоста на Шпанија и постојана референтна точка за вредноста што треба да биде инспирација за нашето општество“, се вели во соопштението на кралската куќа

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button