СВЕТ
Кремљ го објави точното време на разговорот Путин-Трамп

Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп се очекува да се одржи денеска од 14 до 16 часот по средноевропско време, потврди за новинарите прес-секретарот на рускиот лидер, Дмитриј Песков.
Како што појасни тој, Путин и Трамп ќе разговараат онолку колку што сметаат дека е потребно.
Претседателскиот секретар за печат, исто така, посочи дека веќе постои одредено разбирање меѓу Москва и Вашингтон, но дека има и голем број нерешени прашања.
Како што се очекуваше, Путин и Трамп ќе разговараат и за нормализацијата на односите меѓу Русија и САД и ситуацијата во Украина.
Дмитриј Песков појасни дека Кремљ сѐ уште не го одредил форматот за објавување на резултатите од телефонскиот разговор.