ВЕСТИРЕГИОН

Кристофер Хил: Загрижен сум за многу прашања поврзани со Србија и Балканот

Кандидатот за амбасадор на САД во Белград, Кристофер Хил синоќа во американскиот Сенат изјави дека има бројни прашања што го засегаат во однос на денешна Србија и Балканот. За време на дебатата пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, што е прв чекор во процесот на потврдување на неговата номинација за амбасадор во Белград, Хил рече дека односот меѓу владата во Белград и Босна и Херцеговина ќе биде клучен за соработката меѓу Соединетите Држави и Србија.

„Пред сè, многу е важно да имаме јасни разговори со владата во Белград, да ги убедиме да разберат дека нивото на нашите напори во БиХ и во Западен Балкан ќе остане многу сериозно. БиХ е клучно прашање за нашата соработка со Србија во иднина“, рече Хил.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button