ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичен повторно го испрати „Титаник 2“ до Апелација

Основниот кривичен суд Скопје повторно го испрати предметот „Титаник 2“ до Апелација, откако второстепениот суд му го врати бидејќи не чекал да истечат роковите за жалби за пресудата.

„Предметот со КОК бр. 7/20 од обвинителството означен како ’Титаник 2‘ на 20.3.2023 година е доставен во Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување. Имено по добиени жалби од обвинетиот М.Т. и неговиот бранител, како и известување од надлежниот јавен обвинител дека нема да поднесе дополнителни жалби, предметот е комплетиран, испочитувани се сите утврдени рокови и доставен е на понатамошно второстепено постапување. По наведениот предмет Апелациониот суд Скопје веќе еднаш има постапувано, па согласно одредбите од ЗКП сега треба да донесе мериторна одлука по добиените жалби“, нагласија од Кривичен.

Прашањето коешто сега се постаува е дали ќе имаат време да донесат одлука пред да застари делото на еден од обвинетите – поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од првостепениот суд е осуден на двегодишна затворска казна делото примање наградата за противзаконито влијание.

Се бројат деновите до застарување во април, а за да не дојде до тоа во Апелација треба да се одржи седница и потоа да донесе и одлука за пресудата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button