МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за охриѓанец кој организирал семејна забава со над 20 гости

Лице од Охрид заработи кривична пријава откако спротивно протоколите и забраните за групирање во услови на епидемија, организирал забава на која имало поголемо присуство луѓе.

Според информациите од СВР – Охрид, Ш.К. (47) од Охрид на 21 ноември минатата година организирал веселба во неговиот дом, на која имало повеќе од 20 гости. Постапувајќи спротивно одлуката за заштита на здравјето на населението, против него е поднесена пријава пред Јавното обвинителство во Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button