ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривично може да одговараат 30-те полицајци од „Блаце“

Кривично може да одговараат 30-те полицајци од „Блаце“

За 30 полицајци од граничниот премин „Блаце“ може да има и кривична одговорност. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека по констатираната дисциплинска одговорност против 30 полицајци се работи и на докажување на кривична одговорност.

Инаку, полицијата денеска уапси 56-годишен маж во обид да ја корумпира полицијата на граничниот премин со Косово.

МВР

„Полицијата уапси државјанин на Косово на граничниот премин Блаце. При контрола на возилото пронајдена е стока од голема вредност за која немало соодветна документација за царинење. За да ја пренесе стоката, косовскиот државјанин се обидел на полицаецот да му даде ‘подарок’ и ставил пари во пасошот што го предал за идентификација.“

 

МВР пред неколку дена соопшти дека била утврдена дисциплинска и материјална одговорност против 30-тте полицајци поради оштетување на камерите кои ги носеле на своите униформи, а кои го снимаат разговорот при легитимирање. Камерите биле кршени за да се избришат траги на корупција. Во меѓувреме, двајцата суспендирани полицајци за поткуп пред неколку месеци завршија со кривична пријава. Во моментов против нив нема кривично гонење, ниту пак мерки на претпазливост за злоупотреба на службената положба.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button