МАКЕДОНИЈА

Кризната состојба од синоќа започна целосно да се спроведува

Дури и по одлуката на претседателот да ја вклучи Армијата во помош на здравствените институции, полицијата и армијата ги нема на терен. Додека кризната состојба е  на сила, Армијата, полицијата и Министерството за здравство сè уште не ги усогласија своите активности. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска верува дека од петок армијата и полицијата ќе бидат на терен.

Министерството за здравство процедурално објаснува дека побарало помош од Армијата и полицијата, но не дава детали. Кризниот штаб вели дека бројот на војници и полицајци е флуиден и варира на дневна основа, но уверува дека воените и полициските сили ќе бидат присутни каде што се лекуваат пациенти со Ковид-19.

Од понеделник, на армијата ќе и помагаат 12 лекари и 20 медицински сестри. Со одлука на претседателот, армијата ќе биде во административна и физичка помош на медицинскиот персонал, додека заедно со полицијата ќе помогне во одржување на јавниот ред и мир во здравствените установи.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button