ВЕСТИЗДРАВСТВО

Кризниот штаб не донесе одлука, Владата утре ќе одлучува за рестриктивните мерки

Состанокот на кризниот штаб заврши без заклучоци за мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести. Предлог мерките ќе бидат разгледани утре на редовната седница на Владата, на која ќе се знае дали ќе бидат одобрени.

„Предлог- мерките ќе бидат разгледани утре во Владата. Болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани кои се хоспитализирани е 75% -80%. Мерки како овие што ги предлагаме, уште построги, се насекаде во регионот како Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, Австрија и Холандија“, наведоа од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче се очекува да се сретне со синдикатите за да ги слушне нивните предлози и да ги претстави пред Владата. Од друга страна, Синдикатот за здравство и фармација ја поставува дилемата што ќе биде со оние кои нема да се вакцинираат, бидејќи предлогот е сите здравствени работници да се имунизираат против Ковид 19.

Во моментов на сила се повеќе мерки, меѓу кои и потврда за вакцинација со две дози, при влез во затворените објекти. Пазарниот инспекторат соопшти дека од август досега се извршени над 1000 контроли а затворени биле 20 угостителски објекти.

Предлогот на КЗБ предвидува сите вработени во државната администрација за да се пријават на работното место, да имаат потврда за вакцинација или да покажат негативен ПЦР тест, најмалку во последните 72 часа. Без вакцина можат да влезат само лица кои имаат документ од лекар специјалист дека не им се препорачува вакцинација.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button