МАКЕДОНИЈАМЕТРОПОЛ

Крушево најавува богато авантуристичко лето со светски натпреварувачи

Крушево летоска ќе биде центар на авантуристичките збиднувања, најавија од локалната самоуправа.

Од 7 до 13 август во Крушево ќе се одржи тест настан за 23-тото Светско првенство во змајарство, класа 1 како и 9.Светско првенство во змајарство класа 5. Овој настан е најава за Светското првенство кое беше одложено минатата година.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски вели дека Крушево ќе биде центарот на авантуристичките збиднувања ова лето, а општината продолжува со инвестиции на полетувалиштето на Мечкин камен.

– Крушево ќе биде центарот на параглајдинг- натпреварите и настаните во змајарство ова лето. Очекуваме натпреварувачи и туристи од целиот свет. Сите настани доаѓаат во време кога полетувалиштето е со нова вештачка трева и двојно поголемо и со објект кој е во завршна фаза на изградба. Тековно започнуваме со имплементација на проект, дел од програмата за прекугранична соработка со Албанија, кој вклучува изградба на паркинг и поставување мерни станици на полетувалиштето, меѓу другите активности, изјави Христоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button