МАКЕДОНИЈА

Кржаловски: Политичарите не го користат времето за отстранување на недовербата кон пописот

Партиите не го користат периодот што им е на располагање до денот на почеток на пописот, којшто беше одложен за на есен, со цел да ги отстранат забелешките поради кои беше одложен и да се заложат за вклучување на сите граѓани во таа операција, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

„Мене ме загрижува тоа што партиите најдоа начин да се согласат за одложување на пописот, но не гледам дека има чекори, особено од оние коишто имаа забелешки, да се направи нешто плус, во овој период додека дојде во септември да се направи пописот, за да се отстранат нивните недоверби, вклучително и на нивното членство. Гледаме главно на ВМРО-ДПМНЕ се тие што се со поголема недоверба и кон владата и к он процесот на попишување“, рече Кржаловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button