ВЕСТИЕКОНОМИЈА

КСС: Одлуката за К-15 само за дел од административците, дискриминира

Одлуката на Владата да подели К-15 на дел од административците е дискриминирачка, реагираат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Според нив, сите вработени во администрација треба да имаат еднаков третман. Без годишен регрес ќе останат вработените во образованието, полицијата, здравството и други сектори кои за време на пандемијата работеле двојно повеќе, реагираат од синдикатот.

„Во државата имаме 120 илјади буџетари кои земаат плата од буџет од коишто тука се армијата, полицијата, просветата и државните службеници, но со еден збор сите ги викаат државни службеници и не прават разлика по национална класификација по дејност. Нема да земат сите ќе земат од 16 до 17 илјади државни службеници од причина што колективниот кои се потпиша од 2019 година е дискриминирачки“, рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Според Конфедерацијата, време е да се донесе заеднички општ колективен договор кои ќе ги опфати сите вработени во администрацијата.

„За дел од државната администрација, државата е мајка за останатите други многу важни сектори кои исто така се финансиираат од државниот буџет е маќеа“, рече Јаким Неделков- Претседател на СОНК.

Со ребалансот на буџетот право на годишен регрес ќе имаат вработените во судовите, обвинителствата, општините, министерствата, владините службеници, како и агенциите и фондовите формирани од Собранието. Од буџетот за оваа намена планирано е да се одлеат речиси четири милиони евра за 27 илјади административци.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button