Тренерот на Барселона, Роналд Куман го сподели своето мислење за трансферот на напаѓачот Луис Суарез од каталонскиот клуб во Атлетико Мадрид,
„На Суарез му стана многу потешко да влезе на теренот уште од првите минути и го информирав за тоа. Тешко му беше, но никогаш немав проблеми со него. Тој тренираше добро. На крајот, Луис донесе одлука да замине, а јас реков: ‘Ако не заминеш од која било причина, тогаш ќе бидеш дел од овој тим и ќе можеш да докажеш дека не сум бил во право’. Да, тој можеше да остане“, истакна Куман.