ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Куманово, зголемен интересот за вакцинација против Ковид-19

Во Куманово расте интересот за вакцинација. Од Здравствениот дом велат дека има доволно дози вакцини. Во моментов граѓаните се вакцинираат со „Фајзер“, „Синовак“ и „АстраЗенека“. Во Куманово и околината се дадени над 70.000 вакцини.

„Процесот на вакцинација се одвива според планираната динамика. Вакцини имаме доволно и редовно се снабдуваме. Со воведување на рестриктивните мерки гледаме поголем интерес од страна на граѓаните за да се вакцинираат. Досега се применети над 70 илјади дози, околу 40 илјади со првата доза и 30 илјади со две дози“, рече Валдрин Мифтари, координатор на Центарот за вакцинација, Куманово.

Лекарите повикуваат граѓаните масовно да се вакцинираат како единствен начин за ставање крај на пандемијата. Во последно време во Куманово е забележан интерес за вакцинација и на лица под 18 години.

„Апелирам до граѓаните да дојдат и да се вакцинираат. Сите вакцини се ефикасни и безбедни. Ги поминаа сите фази на студии. Тие се најдобриот начин да се спречат сериозни состојби и да се стави крај на пандемијата. Постои зголемен интерес кај младите луѓе од 12 до 18 години да се вакцинираат. Околу 600 луѓе на оваа возраст се вакцинирани во нашиот центар“, рече Монализа Мемети, доктор.

Граѓаните се задоволни од медицинските услуги. Велат дека не чекаат повеќе од 15 до 20 минути и апелираат до сограѓаните да се вакцинираат.

„Ја зедов првата доза, а денеска бев за втората. Апелирам до сите луѓе да дојдат и да се вакцинираат. Не чекав повеќе од 20 минути за да се вакцинирам “.

„Чекав 10 – 15 минути. Нормално, секој граѓанин кој има потреба треба да се вакцинира“.

Мобилен тим беше стациониран надвор од Центарот за имунизација за да вакцинира лица со попреченост.

Според Министерството за здравство, Куманово е дел од групата градови со помалку од 35 проценти вакцинирани и над 45 смртни случаи во текот на јуни – август. Наскоро се очекува да се отвори нов пункт за вакцинација во општина Липково.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button