
Од денес започнуваат и возвудувањата во фудбалскиот Куп на Македонија. На програмата е 1/16 финалето, во кое нема ниту еден прволигашки дуел, но секако дека има неколку интересни парови.
Од дванаесетте натпревари најинтересно се очекува да биде на средбата меѓу амбициозната Беса и повратникот во ПМФЛ, Вардар, како и на дуелот меѓу лидерот во ВМФЛ, Кожуф и одличната Брера од Струмица. Штипска Брегалница гостува кај новиот второлигаш Новаци, Работнички ќе се судри со Тетекс, додека Пелистер ќе се сретне со Влазерими. Голема борба треба да има и покрај Охридското езеро, каде на Охрид ќе му гостува Детонит Плачковица, а Шкупи е голем фаворит во соочувањето со Коњаре.
Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струига Трим Љум, Шкендија и Силекс имаат директно место во осминафиналето.
Во оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а ако натпреварот заврши без победник во регуларниот тек, следат пенали. Сите натпревари започнуваат од 15:00 часот.
Куп на Македонија – Прво коло
Јанг Тим – Победа
Новаци – Брегалница
Башкими1947 – Скопје
Арсими – Тиквеш
Кожуф – Брера
Карбинци – Воска Спорт
Охрид – Детонит Плачковица
Беласица – Гостивар
Коњаре – Шкупи
Беса 1976 – Вардар
Тетекс – Работнички
Влазерими – Пелистер