ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Купуваме, па фрламе, во канта одат 240.000 вакцини

Околу 240 илјади вакцини против Ковид се во опасност да истечат за две недели. Иако производителите дозволуваат рокот на некои вакцини да се продолжи за дополнителни три месеци, судбината на овие над 200.000 дози е на депонија бидејќи Агенцијата за лекови МАЛМЕД веќе еднаш го продолжи рокот.

„Во моментов на располагање се 380 илјади вакцини кои имаат рок на употреба до крајот на октомври. Но, имаме количина од 240 илјади вакцини на кои рокот им истекува до крајот на мај. Тие ќе се обработат со дозвола од Агенцијата за лекови МАЛМЕД и ќе се уништат на депонија“, изјави Беким Сали, министер за здравство

И додека во депоата лежат илјадници дози, интересот на граѓаните за вакцинација е низок. Центрите сега работат само во една смена, а најчесто се имунизираат само оние треба да патуваат или на тоа ги обврзува работата. Иако за третата доза не е потребно закажување, интересот е слаб. Од друга страна, нема доволно термини за болестите кои најчесто се појавуваат после прележан ковид. Министерот Сали најавува реформа во системот „Мој термин“ за да се излезе во пресрет на многуте потреби на пациентите.

 „Имаме идеја во рок од еден месец да се отворат сите термини и лекарите да дадат инструкции според итната состојба која ја имаат пациентите и веруваме дека тоа ќе биде пофункционално бидејќи во минатото се случуваше докторот да не е присутен за разни причини и термините се одложуваа за следниот месец. Со ова ќе се знае каде ќе оди пациентот, но нема да се знае кој лекар ќе го прими во назначениот термин за подобро функционирање на системот“, изјави Беким Сали, министер за здравство

Инаку, кампањата за подигање на свеста на граѓаните за имунизација против корона вирусот продолжува бидејќи ризикот од нов бран наесен. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button