ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Главниот проблем на Западен Балкан, неуспехот на српскиот лидер да се справи со минатото

Премиерот на Косово Албин Курти рече дека главниот проблем на Западен Балкан е несоочувањето на српскиот лидер со минатото. Според него заедничкиот пазар треба да значи демократизација и владеење на правото во нашите земји, и нагласи дека тоа е невозможно се додека Србија не го прифати криминалното минато.

,,Ние како Косово сметаме  дека главниот проблем на Западен Балкан е неуспехот на српскиот лидер да се справи со минатото. Криминалното минато  на Србија што предизвика четири војни во последната деценија на 20 век. Заедничкиот пазар мора да биде проследен со справување со минатото, со демократизација на нашите земји и со владеење на правото. Во спротивно ќе имаме повеќе настани што не остануваат во меморијата отколку процеси и структури што го менуваат животот на граѓаните на подобро“

Коментирајќи ја промената на името од Мини шенген во Отворен Балкан, Курти рече дека не е ентузијаст за промената бидејќи името означува отвореност за руските и кинеските влијанија.

„Не можам да кажам дека сум ентузијаст за името бидејќи да се биде лидер на Србија која не се соочува со минатото на својата земја и на самиот Западен Балкан изгледа повеќе како Балкан отворен за влијанија од исток посебно од Руската федерација и Кина како и отворен за автократија, корупција. Воените злосторници како што знаеме и понатаму се слободни, неколку од нив се на власт.

Курти рече дека односите меѓу Косово и Албанија се братски без разлика на односите меѓу лидерите.

Минатата недела во Скопје Заев, Рама и Вучиќ потпишаа два меморандуми и меѓудржавен договор чија цел е да се олесни движењето на луѓе и стоки.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button