ВЕСТИРЕГИОН

Курти: „Договорите ќе стартуваат од 1 септември, нема веќе одложување!“

Курти: „Договорите ќе стартуваат од 1 септември, нема веќе одложување!“

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека владата ги презема активностите што требало да се спроведат пред 11 години. Тој рече дека Владата е решена да ги спроведе договорите на северот од државата и оти од 1 септември ќе почне имплементацијата на владината одлука. Курти на седницата на Собранието рече дека во сегашните околности одлуката да се одложи примената на договорот за 30 дена е соодветна.

„Може да има тензии во иднина, но ние сме решени во она што го правиме, од една страна почитувајќи ја уставноста и законитоста на нашата Република, од друга страна, што повеќе комуникација и соработка со меѓународните фактори. Во околностите во кои се наоѓаме, ја донесовме најсоодветната одлука, од една страна имаме целосна американско-европска поддршка, а од друга страна, одлуките на Владата почнуваат да се спроведуваат од 1 септември“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

Демократската партија на Косово смета дека премиерот Албин Курти не е подготвен да воспостави целосен реципроцитет со Србија, па затоа, според него, прави селекција со мерките за реципроцитет.

„Не верувам дека со овие мерки премиерот ги менува билатералните односи меѓу Косово и Србија, тоа повеќе личи на еден вид постепен аранжман од кој треба да произлезат многу други теми, вклучително и Асоцијацијата, за која се гледа дека ќе биде дел од овие дискусии“, нагласи Абералд Тахири, пратеник на ДПК.

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово му се обрати на Курти како „гуд гај„ („добро момче“) за повлекувањето од северот. Харадинај на седницата на Собранието го критикуваше премиерот за неговите постапки поврзани со последните настани.

„Ако секогаш почнуваше како „гуд гај“ нема проблем, но тој почна како ‘мачо’ и се обиде да изгради некои позиции за својата земја, своја политика, негова сопствена влада како ‘мачо’, но каде заврши – ‘гуд гај’, оди напред, врати се назад, оди напред, врати се назад, кога сакаат што сакаат му кажуваат, а знаете ли кој, Лајчак оти Вучиќ го повикува Лајчак, а Лајчак наоѓа кому да му се јави, па му викаат „степ бек“. Ова е Косово денес“, рече Рамуш Харадинај, претседател на АИК.

Но, според Курти, опозицијата не треба да брза со спроведувањето на договорот кога такво нешто не направиле 11 години додека биле на власт.
Албин Курти, премиер на Косово. Подобро на 1 септември 2022 година отколку воопшто, најдобро ќе беше во 2011 година кога се договоривте во Брисел. Мора да имаш на ум дека тие не можат да глумат брзање во месец на одмори август за нешто што трае веќе 11 години.“

Одлуката на владата на Косово за реципроцитет со Србија со личните карти и регистарските таблички беше одложена за септември поради тензиите на северот, но и барањата на американската амбасада да му се даде можност на дијалогот за надминување на разликите.

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button