РЕГИОН

Курти: Не сме откажани од реципроцитет со Србија

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека владата што ја предводи не се откажала од воспоставување целосен реципроцитет со Србија. За време на пленарната седница за првите 100 дена на владата, Курти изјави дека зборувал за реципроцитет и за време на средбите што ги имал во Брисел, во рамките на дијалогот со Србија, со посредство на Европската Унија.

Премиерот Курти рече дека Косово сака целосниот реципроцитет со Србија и да се направи на таков начин така што тој повеќе да не се поништи. Косово на крајот на 2018 година воведе данок од 100 проценти за српските производи. Овој данок, во првата Влада на Курти беше заменет со реципроцитет, кој вклучуваше серија трговски мерки. Но, следната влада предводена од Абдула Хоти го укина реципроцитетот, потег што ЕУ и САД го сметаат за пречка за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија.

„Реципроцитетот не е поради одмазда, веруваме дека тоа е здрав принцип на односите меѓу државите, што произлегува од концептот на еднаквост. Покрај тоа, ние немаме реципроцитет за да додадеме бариери, туку да ги отстраниме постојните и сакаме да го направиме тоа на начин што веќе нема да се поништува“, рече Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button