Куртиши: Со оставки на 1/3 од министрите паѓа целата влада
Правниците оценуваат дека условени оставки што ги нудат министрите и замениците министри на ДУИ не се дефинирани ниту во Уставот, Законот за Влада, ниту во Деловникот на Собранието. Адвокатот Емир Куртиши вели дека власта толку ја злоупотребила оставката како морален чин што измислила нови сфаќања за неа.
„Ваквите изуми кај нас како да немаат крај. Секојдневно измислуваат нови поими за оставки, од сега понудени до условени оставки. Што се однесува до Уставот на нашата држава, таков поим не се признава или не постои. Такво нешто не признава ниту Законот за Влада, ниту Регулативата на Собранието“, вели Куртиши.
Куртиши вели дека во конкретниот случај 1/3 од Владата понудиле оставка, што значи дека целата Влада мора да поднесе оставка. Според него нивното неиспраќање во Собранието ќе биде одговорност за премиерот.
„Оставките не се шега, или давате оставка или не. Без разлика дали се вика понудена или условена, оставката е оставка. Доколку 1/3 од членовите на Владата поднесат оставки, тогаш Владата паѓа, што значи дека мора да се гласа како за новата Влада. Доколку овие оставки не се процесуираат во Собрание, тогаш одговорен е премиерот“, додава Куртиши.
Вчера Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Артан Груби и Јетон Шаќири му понудија на премиерот условени оставки кои, според нив, ќе стапат на сила на денот кога опозицијата ќе гласа за изгласување на уставните амандмани. Свои оставки понудија и замениците министри на ДУИ и други функционери од ДУИ.
Адриан Керими