РЕГИОН

Лајчак ги покани Косово и Србија на состанок за динарот

Специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и со Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да ја укине употребата на динарот, потврди портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано.

Стано потврди и дека Лајчак испратил покана до Приштина и Белград за средба што требаше да се одржи во вторник на 27 февруари.

„Обично не коментираме за преписките со партнерите. Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак, не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија – тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција до медиумите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button