РЕГИОН

Лајчак по разговорите со Курти: Се договоривме да се спроведат сите досегашни договори

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, објави дека се согласил со премиерот на Косово Албин Курти и вицепремиерот Бесник Бислими дека мора целосно да се спроведат сите претходно постигнати договори во дијалогот.

„Се вратив во Косово за да продолжам со искрени, отворени и интензивни разговори со премиерот Курти и вицепремиерот Бислими за следните чекори и напредок во нормализацијата на односите со Србија“, објави Лајчак на Твитер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button