ВЕСТИ

Lamborghini Urus запиша уште еден рекорд

Од неговото пазарно лансирање пред четири години Lamborghini произведе 20.000 примероци од Urus со што стана најпродаван модел на марката за најкратко време.

Urus беше катализатор за удвојување на големината на фабриката на Lamborghini во Сант’Агата Болоњезе, а вработени се и нови 500 луѓе. Се крчкаше во главите на инженерите и плановите на менаџерите уште пред 2012 година кога на салонот на автомобилите во Пекинг беше покажан првиот концепт.

Веќе тогаш се знаеше дека ќе постигне голем успех бидејќи го поседуваше најбитното – привлечноста како секој вистински Lamborghini. Иако механички доста близок со своите роднини од Volkswagen групацијата, тој сепак се изроди од наследството на италијанската компанија.

Беше совршено дополнување на понудата на суперавтомобили, нудејќи луксуз во секојдневното користење и спортско возење на оние што ќе го посакаа тоа.

Ова го може благодарејќи на шесте режими на работа, меѓу кои два се тркачки а три теренски. Каква репутација постигна Urus најдобро кажува фактот што повеќе од 70 отсто од неговите купувачи се нови за марката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button