ВЕСТИСВЕТ

Лавров: Идејата за воведување на корона пасош во ЕУ е во спротивност со правилото за доброволна вакцинација

Воведувањето ковид пасоши на територијата на Европската унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Произлегува дека оваа идеја е спротивна на правилата на демократијата, бидејќи во земјите на Европската унија има одлука дека вакцинацијата е доброволна. Ако се воведе “патен пасош”, тоа ќе биде во спротивност со принципот на доброволност. Тоа значи дека луѓето ќе бидат принудени да се вакцинираат ако сакаат да патуваат, а во Европа, без движење меѓу земјите-членки, населението тешко може да си го замисли животот“, истакна Лавров.

Тој додаде дека одлуките на Европската унија во врска со можното воведување на вакцинални пасоши не треба да ги дискриминираат граѓаните на Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button