СВЕТ

Лавров: Русија нема да направи ништо што може да ги наруши односите меѓу луѓето

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „ситуацијата со посетата на Србија е незамислива“. Тој на денешната прес-конференција потенцира декаа и покрај тоа „главната работа е што никој нема да може да ги уништи односите со Србија“, како и дека „НАТО и ЕУ сакаат да го претворат Балканот во свој проект наречен „затворен Балкан“.

„Се случи нешто незамисливо. На суверената држава и е одземено правото да води надворешна политика. Меѓународните активности на Србија во насока на Русија се блокирани“, рече Лавров.

Тој додаде дека ставот на Западот во однос на лишувањето на Србија од можноста да избира партнери е „циничен“.

Лавров, исто така, рече дека тоа е „демонстрација до каде НАТО и ЕУ можат да одат со користење на најстроги средства и влијание против оние кои се водат од националните интереси“.

„Ако посетата на рускиот министер за надворешни работи на Запад се доживува речиси како закана на глобално ниво, тогаш, според сите сметки, работите на Запад се прилично лоши“, рече Лавров, пренесоа српските медиуми повикувајќи се на РИА Новости.

Зборувајќи за можниот одговор на земјите кои му забранија на неговиот авион да лета за Србија, рускиот министер за надворешни работи рече дека Русија „нема да направи ништо што може да ги наруши односите меѓу луѓето“.

„Треба да има слобода на избор на партнери, за што се залагаше и самиот Запад, а тој самиот го уништи тој избор“, рече Лавров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button