ВЕСТИРЕГИОН

Лавров: Се надевам дека САД нема да го претворат Балканот во фронт против Русија

Русија очекува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе има доволно политичка волја и причина Балканот да не го претвори во уште еден фронт на антируската конфронтација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за босанскиот весник „Ослобоѓење“ по повод 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Босна и Херцеговина (БиХ).

Коментирајќи ја тезата за Босна и Херцеговина како „жртва на руско-американската конфронтација“, Лавров рече дека Русија не ги решава своите проблеми на сметка на ничии интереси и не ги става партнерите пред избор „или со нас или против нас“.

„Нашиот принципиелен став е добро познат – на регионалните проблеми им требаат регионални решенија засновани на инклузивен дијалог и земајќи ги предвид позициите на сите засегнати страни“, вели Лавров.

Тој вели дека Вашингтон во последно време избегнува да разговара со Русија не само за БиХ, туку и за балканското прашање во целина.

„Се надеваме дека администрацијата на Бајден има доволно политичка волја и причина да не го претвори Балканот во уште еден фронт на антируската конфронтација, во спротивно тоа ќе има катастрофални последици за цела Европа“, нагласи Лавров.

На прашањето кој е главниот интерес на Русија на Балканот, Лавров смета дека тоа е мир, безбедност и стабилност во регионот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button