СВЕТ

Лавров во посета на Турција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од вчера престојува во посета на Турција и веќе имаше средба со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој повтори дека Турција нема намера да се приклучи на антируските санкции наметнати од Западот.

„Нашиот став е јасен: не се приклучивме на санкциите и нема да дозволиме да бидеме искористени за оваа цел“, рече турскиот министер.

Неговата изјава уследи по минатонеделниот телефонски разговор меѓу рускиот и турскиот лидер Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Претходно, Анкара соопшти дека тесно се координира со Русија и Украина за да се договори план со кој повторно ќе започне извозот на жито од украинските пристаништа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button