ВЕСТИСВЕТ

Лавров: Западот се обидува да ги потопи разговорите меѓу Русија и Украина со „хистерија“ за воени злосторства

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера го обвини Западот дека се обидува да ги попречи преговорите меѓу Русија и Украина со поттикнување „хистерија“ поради наводните воени злосторства од страна на силите на Москва. Киев и Западот велат дека има докази – вклучувајќи слики и сведочења на сведоци собрани од Ројтерс и други медиумски организации – дека Русија извршила воени злосторства во украинскиот град Буча. Москва го негира обвинението и ги нарече наводите „монструозен фалсификат“.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button