СПОРТ

Лазаров, дел од најдобриот тим на деценијата

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во изборот на специјализираниот портал за ракомет – Хендбол планет. Лазаров доби 67 проценти од гласовите, оставајќи ги зад себе Ласло Наѓ и Алекс Душебаев при гласањето за најдобрите ракометари во последната деценија. За најдобар ракометар за периодот 2010-2020 година беше прогласен Никола Карабатиќ, а во идеалниот тим се најдоа и Омејер, Генсхајмер, Хансен, Абало и Агиналде. Жирито беше составено од 21 познати ракометни тренери, легенди и познати новинари во ракометот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button