ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лажни пријави за пожар во главниот град, Град Скопје апелира да не се злоупотребува бројот 193

Противпожарната единица на Град Скопје вчера интервенирала во 22 случаи на територијата на главниот град. Најголем дел од интервенциите биле за запалена трева, а поголем пожар се случи во фабриката ОХИС. Сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенираше со повеќе возила и пожарникари.

Во моментов на територијата на Скопје нема посериозни пожари.

– За жал, треба да се напомене дека во време кога низ целата земја се соочуваме со голем број на пожари, кои нанесуваат голема материјална штета, како и непроценлива штета на флората и на фауната, а имаме и човечки жртви, во текот на вчерашниот ден имавме и 7 лажни пријави на пожари, информираат од Град Скопје.

Апелираат до сите граѓани во овие тешки времиња да се однесуваат одговорно и да не го злоупотребуваат телефонскиот број 193, бидејќи во случаи со пожар секоја секунда е важна и истата може да загрози или да спаси нечиј живот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button