СПОРТФУДБАЛ

Лажни сертификати, тренерите на Вердер поднесоа оставки

Екипата на Вердер Бремен потврди дека тренерот Маркус Анфанг и неговиот помошник Флоријан Јунге поднеле оставка. И двајцата се под истрага поради лажни сертификати, дека се вакцинирани против „Ковид 19“.

„Со овој потег и двајцата тренери преземаат одговорност и ќе помогнат да се смири ситуацијата и публицитетот што се создаде околу нашиот клуб во наредните денови. Ја почитуваме одлуката и веднаш ќе ја започнеме потрагата по нов тренер“, изјави меѓу другото директорот на клубот, Франк Бауман.

Анфанг и Јунге се соочуваат со кривична пријава за фалсификување на „сертификатот за Ковид“ и може да завршат зад решетки. Германија не толерира непочитување на препораките за заштита од Ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button