КОШАРКАСПОРТ

„Леброн Џуниор“ ги постигна први поени, Лејкерси декласирани кај Кливленд

ЛА Лејкерс се помалку личи на сериозен клуб со шампионски амбиции откако управата реши да му ја исполни желбата на Леброн Џејмс и потпиша договор со неговиот син Брони, чиј потенцијал очигледно е далеку под нивото неопходно за НБА-лигата. Доказ за тоа беа сите подготвителни натпревари, се најавуваше дека Брони ќе биде испратен во Развојната лига, но во меѓувреме тој продолжува да го носи дресот на „езерџиите“. Тоа беше случај и на синоќешниот дуел во Кливленд на кој лејкерси беа поразени со 134-110, но ќе остане запишано дека токму на овој меч „Леброн Џуниор“ ги постигна своите први поени во НБА.

Дуелот веќе беше решен кога Брони доби шанса во четвртата четвртина, погодувајќи скок шут од дистанца на радост на својот татко. Леброн, кој во декември ќе наполни 40 години постигна 25 поени со одличен шут од игра (9/13), Џерет Ален беше неприкосновен во рекетот со 20 поени и 17 скокови, додека Иван Мобли постигна 25, а Донован Мичел 24 поени за побендичкиот тим.

Резултати:

Шарлот – Торонто 138-133,

Кливленд – ЛА Лејкерс 134-110,

Индијана – Бостон 135-132 (по прод.),

Филаделфија – Детроит 95-105,

Вашингтон – Атланта 133-120,

Мајами – Њујорк 107-116,

Чикаго – Орландо 102-99,

Мемфис – Бруклин 106-119,

Оклахома Сити – Сан Антонио 105-93,

Голден Стејт – Њу Орлеанс 104-89,

ЛА Клиперс – Портланд 105-106.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button