КОШАРКА

Лејкерси ја забележаа првата победа сезонава

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа првата победа сезонава откако го совладаа Мемфис со 121:118. Кај домаќините се истакна Кармело Ентони со 28 поени и се искачи на 9. место на кошаркарската ранг-листа со повеќе поени во НБА, поминувајќи го Мелоун. Ентони Дејвис додаде 22 поени, Леброн Џејмс 19 додека Вестбрук ја заврши средбата со 13 коша. Во меѓувреме, Џо Морант беше најистакнат кај Мемфис со 40 поени и 10 асистенции. На останатите средби Бостон го победи Хјустон со 107:97, Њујорк загуби од Орландо со 104:111, додека Филаделфија и Шарлот постигнаа победи како гости, победувајќи ги Оклахома со 115:103 и Бруклин со 111:95.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button