ВЕСТИРЕГИОН

Лекарите во Хрватска кои немаат ковид-пропусница нема да можат да одат на работа

Од 1 октомври лекарите, медицинските сестри, но и немедицинскиот персонал ќе можат да доаѓаат на работа исклучиво со дигитален ковид-сертификат, пишуваат хрватските медиуми.

Тие ќе можат да се појават на своите работни места исклучиво врз основа на еден од трите услови, а тоа се вакцинација, прележување на болеста или негативен тест за ковид.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош вели дека со недели разговарале за воведување на сертификатот за ковид, а официјалната одлука ќе биде донесена наскоро.

„Самото воведување треба да биде на почетокот на октомври. Меѓутоа, за таква организација е потребно време. Мораме да одржиме состаноци со раководствата на болницата, и на крајот, вработените ќе имаат време да одлучат за најдобрата варијанта – вакцинацијата“, објаснува Берош и додава дека набавката на тестови за вработените е во тек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button