СПОРТФОРМУЛА - 1

Леклер: Очекувам дека со Васер ќе имаме многу успеси

Шарл Леклер, возач на Ферари, истакна дека е презадоволен од тоа како Фредерик Васер засега се однесува како тимски шеф. Французинот на таа позиција го замени Матијас Биното, кој минатата сезона ја напушти скудерија по низа неуспеси.

„Иако поминаа само два месеци, јас сум воодушевен од тоа колку брзо Васер сфати како функционира тим како Ферари. Ми се чини дека може да го извади најдоброто од луѓето и тоа сигурно ќе биде голем плус во иднина. Очекувам дека заедно ќе имаме многу успеси“, изјави Леклер.

Ферари ја чека титулата во најбрзиот караван од 2007 година, кога светски шампион стана Кими Раиконен. Формула 1 шампионатот започнува овој викенд со Големата награда на Бахреин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button